Селото е местото каде што можат да се градат различни видови градби. Можете да ги преместувате и подредувате градбите и декорациите по сопствена желба. После изградбата на нова градба, можете да ја преместите на различни места во Вашето село во секое време. Тие можат да се поставуват на површината определена за нив во секој посед, но не е возможно да се бидат надвор од неа. Преместувањето на градбите во селото се извршува од мени ’Уредување’ од каде што можете да го промените изгледот на одредена градба, да споите исти градби и да ги избришете декорациите.

Уредување

За да го уредите Вашето село, потребно е да кликнете на копчето кое се наоѓа најдолу во центарот на екранот на селото. После избор на Уредување, ќе се покаже мрежата на селото.

Преместување на градби

Преместувањето на градби се извршува преку клик и задржување на левото копче од глувчето. Избраниот објект се преместува заедно со курсорот во посакуваната насока. Сите површини на селото врз кои може да се постави објектот, се обоени во жолто. Таму каде што има друг објект (градба, споменик или декорација) или објектот ја преминува определената зона за изградба, објектот избран за преместување се означува во црвено. Ако поставите објект (градба или декорација) врз друг објект или надвор од определената зона за изградба, објектот автоматски ќе се врати на местото од каде што бил земен. Ако сакате да преместите градба во дел од селото што не се гледа на екранот, треба да го придвижите со глувчето видливиот дел од картата од селото. Империјалните патишта не можат да се преместат.

Избор на изглед

Можете да го променувате изгледот на градбите во своето село. Тоа се случува кога ќе кликнете на некоја градба додека сте во мод за уредување. Ќе се појават две копчиња - Промена на изглед и Спојување.

Промена на изглед

Не влијае врз функцијата на градбата, се променува само нејзиниот надворешен вид. Сите градби имаат 3 фази на изглед. Кога ќе се отклучи нова фаза, сите градби автоматски го променуваат изгледот според неа и го добиваат птрвиот предложен изглед од новата фаза.

  • Прва фаза - достапна е од самиот почеток
  • Втора фаза - се отклучува после изградба на 4-то ниво тврдина
  • Трета фаза - се отклучува после изградба на 7-мо ниво тврдина

Преку посебна опција може да се избере една од 3-те фази за изглед на градбата (ако се отклучени и трите). Од копчето ’Употреби ја оваа фаза за сите градби’ автоматски се поставува избраната фаза како основна за сите моментални и идни градби. Секоја фаза нуди по неколку варијанти за изглед и со помош на стрелките можете да ги прелистате сите возможни изгледи на градбата во избраната фаза.

Има разновидни споменици и за нив не постојат фази.

Спојување на градби

Спојувањето е исто така визуелна промена која не влијае на функцијата на градбите. Се спојуваат само градби кои се градат во поголеми количества. За да се спојат градби, потребни се 4 градби од еден вид да се наредат во форма на квадрат. Ако може да се изврши спојување на градбата, ќе се покаже икона за спојување. Кога ќе се кликне на неа, сите 4 градби се спојуваат во една поголема. Спомениците не се спојуваат.

После спојување со други градби, фаза за изглед на градбата станува моментално отклучената (највисоката) со 1-ви изглед.

Разделување на споени градби

Градба која настанала преку спојување на градби може да се раздели ако се кликне на неа. Градбата се разделува на 4 градби чијшто изглед е според моменталната отклучена фаза и нејзиниот 1-ви изглед.

Ако се постави курсорот на една градба и во селото има најмалку уште 3 од истиот вид и тие не се наредени една до друга за да формираат квадрат, тогаш се појавува икона со објаснување како треба да се наредат за да можат да се спојат.

Декорации

Од ова мени можат да се поставуваат различни видови декорации во селото. Декорациите служат за украсување и немаат никаква функција поврзана со механиката на играта. Менито Декорации се отвора преку икона во долниот дел на екранот, лево од иконата Уредување.

Специјални

Декорациите во ова подмени се плаќаат со дијаманти.

Инфраструктура

Од него се избираат различни видови декоративни патишта. Тие немаат функција во механиката на играта. После избор на посакуваниот вид пат од подменито, се покажува мрежата на селото. Патот се преместува со курсорот од глувчето, а кога ќе биде поставен над слободно место во селото, тоа се осветлува во жолто. Почетокот на патот се поставува со клик на некое од осветлените слободни места и потоа тој може да се протегне до саканото место. Ако патот се постави врз градби или други декорации, тој ќе ги заобиколи и ќе премине по најкраткиот пат. За да се излезе од модот за декорации, потребно е да се кликне на иконата Откажи.

Дрва

Грмушки

Градини

Други

Сојузните поседи можат да бидат декорирани само од Лидерот, Првиот офицер и Офицерот-Архитект. Тие имаат пристап до сите подменија и можат да ги декорираат сите поседи од сојузот. Можат да купуваат и декорации со дијаманти од сојузната ризница.

Бришење на декорации

После клик на копчето Уредување се појавуваат следните копчиња: копче за излегување од модот и копче за бришење (можат да бидат избришани само бесплатните декорации).

Декорациите можат да бидат избришани во секое време. Бришењето се извршува од иконата со слика на човек со лопата во менито Уредување, кога е вклучен модот за уредување. Може да се избрише и група декораци преку избор на зоната каде што се наоѓаат. Преку избор на зона може да се бришат само бесплатни декорации (вклучувајќи ги и декоративните патишта).